Стручњаците – за и против: Дали е паметно постојано да се носи градник?

Фото: Профимедиа

Но­се­ње­то на град­ник ос­вен што е нор­мал­но ре­чи­си е и за­дол­жи­телно, па по­ве­ќе­то же­ни се чув­ству­ва­ат го­ли ако слу­чај­но из­ле­зат без него.

Но, да­ли град­ни­кот, всушност, ни е пот­ре­бен, да­ли му ште­ти на здрав­је­то или, нап­ро­тив, му ко­ристи? Ни­ту стру­ч­ња­ци­те немаат единствен од­го­вор, а ис­тра­жу­ва­ња­та кои се за­ни­ма­ва­ле со таа проб­ле­ма­тика, ис­то така, да­ле не­у­сог­ла­се­ни ре­зул­тати.

ЗА

Ед­на од нај­чес­ти­те те­зи во при­лог на но­се­ње­то на град­ни­кот е де­ка гра­ди­те се состојат од мас­но тки­во и немаат мус­кули, па град­ни­ци­те им оси­гу­ру­ва­ат ефи­кас­на под­дршка, што мо­же да го спре­чи или уб­ла­жи висну­ва­ње­то на гра­ди­те на по­доц­неж­на воз­раст.

Вис­ну­ва­ње­то на гра­дите, осо­бе­но ако се го­леми, мо­же да до­ве­де до за­тег­ну­ва­ње на ко­жа­та на вра­тот и бра­дата. Ко­жа­та пак, пора­ди кон­стан­тно­то из­ло­жу­ва­ње на стре­сот на за­тег­ну­ва­њето, мо­же са­ма­та со тек на вре­ме­то да висне, што ис­то така, мо­же да се избег­не со но­се­ње­то на град­ни­кот.

Град­ни­кот е ва­жен и до­кол­ку се за­ни­ма­ва­те со спорт­ски ак­тив­ности. Веж­ба­ње­то без ни­как­ва под­дршка на гра­ди­те мо­же да пре­диз­ви­ка бол­ка и неп­ри­јат­ност и да до­ве­де до ис­тег­ну­ва­ње на ко­жа­та и ли­га­мен­тите, а тоа пак, во­ди кон она што ни­ед­на жена не го са­ка – вис­на­ти гради.

Но­се­ње­то на град­ни­кот мо­же да по­мог­не и во од­ржу­ва­ње­то на пра­вил­но­то др­же­ње на те­лото, што е мно­гу важно, не са­мо за уба­ви­от из­глед, ту­ку и за здрав­јето. Освен тоа, же­ни­те со го­ле­ми гра­ди мо­же да има­ат сил­ни бол­ки во гр­бот ако не но­сат градник, а тие болки, ис­то така, мо­же да до­ве­дат до неп­ра­вил­но др­же­ње на те­лото, кое нај­чес­то е на­вед­на­то кон нап­ред.

ПРО­ТИВ

Ги при­тис­ка лим­фи­те и крв­ни­те са­дови. Град­ни­кот, осо­бе­но ако не е со адек­ват­на го­ле­мина, има не­га­тив­на по­след­ица – мо­же да ги при­тис­ка лим­фни­те па­тишта, што мо­же да до­ве­де до та­ло­же­ње на от­ров­ни­те и от­пад­ни­те ма­те­рии во тки­вото, кои ина­ку би се из­ла­чи­ле од те­лото. Ис­то така, ко­га крв­ни­те са­до­ви се при­тис­на­ти и стегнати, се на­ма­лу­ва и до­те­кот на кис­ло­ро­дот и хран­ли­ви­те ма­те­рии во клет­ки­те на це­ло­то тело. Ед­но ис­тра­жу­ва­ње по­ка­жа­ло де­ка не­а­дек­ват­ни­те град­ни­ци го зго­ле­му­ва­ат ри­зи­кот за по­ја­ва на неп­ри­јат­на бол­ка во гра­дите, отеж­на­то ди­ше­ње ка­ко и за по­ја­ва на циста. Кон­стан­тно­то сте­га­ње и притис­ка­ње ја по­пре­чу­ва и за­ба­ву­ва цир­ку­ла­ци­ја­та во под­рач­је­то на гра­дите.

И за крај, што се од­не­су­ва до ра­ши­ре­на­та те­о­ри­ја де­ка но­се­ње­то на град­ни­кот е пов­рза­но со ра­кот на дојка, не­о­дам­на и на­уч­но е до­ка­жа­но де­ка тоа не е точно. Истра­жу­ва­ње­то кое го спро­ве­де Цен­та­рот за ис­тра­жу­ва­ње на ра­кот „Фред Хатчин­сон“ покажало де­ка град­ни­ците, не­за­вис­но од тоа кол­ку дол­го се но­сат, не го зго­ле­му­ва­ат ри­зи­кот од за­бо­лу­ва­ње од рак на дојка.

Видео на денот