Стручњаците ги разбиваат најчестите митови за опаѓањето на косата

Статистичките податоци покажуваат дека околу 35 милиони мажи и 21 милион жени го имаат истиот проблем, а тоа е опаѓањето на косата.

За подобро да се разбере оваа состојба, пред сѐ, неопходно е да се направи разлика помеѓу симптомите и сигналите. Првиот случај ќе биде постепено намалување на косата на темето. Ова е вообичаен симптом на алопеција.

Вториот случај е кога личноста ќе забележи дека остануваат мазни кругови на местото каде испаднала косата. Оваа состојба може да значи дека ќе настрадаат и веѓите и брадата, а пред да опадне косата, може да се појави чувство на болка и непријатност.

Губењето на косата може да се појави и одеднаш како последица на стрес или емоционален шок. Оние што го доживуваат ова, честопати се шокирани кога во рацете ќе им остане многу коса, после миењето или чешлањето на косата. Луѓето што поминуваат низ третман со хемотерапија, исто така, можат да ја изгубат косата. Но, косата често расте после третманот со хемотерапија.

За оние кои се многу загрижени заради опаѓањето на косата, експертите од оваа област даваат вредни информации за да ви помогнат подобро да ја разберете оваа состојба.

Тоа е најдобро да се направи со тоа што ќе се разбијат митовите за опаѓањето на косата, како идејата дека губењето на косата не е нормална работа. Тоа е нормална состојба, бидејќи во еден ден губиме околу 100 влакна од главата. Ако бројот е поголем, потребно е да се утврди зошто. За загрижувачки се смета губењето на околу 300 влакна на ден. Секоја коса има свој ритам на растење; циклусот е индивидуален.

Уште еден мит што треба да го заборавиме е информацијата дека со текот на годините сите губиме коса и тука нема помош. Но, ова не е вистина, сметаат лекарите, затоа што сите можеме да ја изгубиме косата, во секое време. Тие истакнуваат дека тоа може да се случи и кај децата, а причините се многубројни.

Премногу луѓе веруваат во митот дека со честото миење на косата таа ќе се истенчи, а како причина се наведува отстранувањето на есенцијални масла кои постојат за да се одржи скалпот здрав. Но, тоа не е вистина. Премногу миење не ѝ штети на косата, но премногу препарати и другите трикови за убавина – да. Боењето на косата и трајната ондулација ги „кршат“ врските помеѓу поедини аминокиселини од кои е граден кератинот (основниот протеин) на влакното. Благодарение на тие врски, косата има цврстина и флексибилност.

Како да си помогнеме?

Најдобар начин за спречување и третирање на овој проблем е да посетите дерматолог или стручњак за опаѓање на косата. Користете препарати што имаат научна потврда дека имаат ефект, затоа што сè друго нема многу смисла.

Дали можеме со исхраната да влијаеме на здравјето на косата?

Исхраната може да влијае на здравјето на целиот организам, вклучително и на косата. Исклучително е важно што внесуваме во организмот. Со правилна исхрана, можеме да спречиме многу состојби и болести, можеме постоечката болест да ја држиме под контрола, а и да излекуваме многу заболувања. Јадете риба, особено сина, туна, лосос, кои се богати и со омега масни киселини, потоа јајца, чисто месо, соја и други протеински намирници од неживотинско потекло. Јадете мешунки (грав, леќа, грашок) и житарки, зелен зеленчук, бидејќи се богати со железо и цинк, како и со витамините од Б комплекс.

Дали пандемијата влијае на губењето на косата?

Кога сме под стрес, кортизолот се ослободува, а тој може да влијае на фоликулите на косата и со тоа да предизвика губење. Тоа нема да се случи веднаш, туку за неколку месеци по стресниот настан.
Многупати беше нејасно зошто се случува ова, но секако е поврзано со стресот, објаснуваат лекарите и додаваат дека ако имате ковид-19 и сте примени во болница, постои шанса тоа да ви се случи, но последиците ќе ги забележите дури неколку месеци по настанот. Значи, ако во моментот нешто ви претставува силен стрес, последиците ќе ги видите по неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот