СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Не смеат намерно да кашлаат, ниту да се шегуваат за коронавирусот

Отворени библиотеките во Кина Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Во Велика Британија, воведени се нови правила на однесување за студентите, кои забрануваат намерно кашлање и шеги поврзани со коронавирусот, пишува БГНЕС.

Тие ризикуваат дисциплинска постапка доколку ги прекршат правилата. Пред отворањето на училишните врати, родителите и учениците беа запознати со новите строги правила на однесување и барањата за социјално дистанцирање. Доколку прекршат некое од правилата дизајнирани да го намалат ризикот од ширење на инфекцијата, децата можат да бидат избркани од училиште и испратени дома.

Некои од најстрогите правила се воведени на Академијата „Арка Александра“ во Хејстингс, Источен Сасекс. Директорот на училиштето Џером Скаф ги претстави новите „црвени линии“ за однесување за време на пандемија на коронавирус. Намерно или злонамерно кашлање и кивање, шега и несоодветни коментари или изјави поврзани со коронавирусот, намерен физички контакт со друго лице, повторено непочитување на упатствата, може да доведе до отстранување на ученикот од процесот на учење за одреден временски период.

Сериозни дисциплински последици ќе има за секој студент кој „намерно ги игнорира или одбива да ги следи упатствата поврзани со режимот за хигиена и социјалното дистанцирање“. Во такви случаи, родителите треба да очекуваат дека нивното дете може да биде избркано од училиште.

Има правила и за облеката која ја носат студентите, како што е барањето облеката да се пере секој ден и ученикот да носи доволно вода со себе, бидејќи тој нема да може да си ја набави во училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот