Строги правила: Тенисерките мора да носат бело, дури и кога менструираат за време на Вимблдон

Вимблдон / Фото: EPA-EFE

Со почетокот на Вимблдон, спортистите и спортистките јасно ставија до знаење дека денес повеќе од кога било се подготвени да ги променат прастарите традиции на турнирот, особено оние кои директно негативно влијаат на спортистките, вклучувајќи го кодексот на облекување.

Строгото правило на Вимблдон за целосно бел кодекс на облекување постои уште од викторијанската ера, но сега е доведена во прашање неговата одржливост. Правилото првично било спроведено затоа што секоја трага од пот се сметала за непристојна или несоодветна.

елис мертенс
Елис Мертенс / Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Замислете само колку е тешко да се почитува оваа традиција кога сте жена и имате менструација за време на турнирот? Стравот на тенисерките дека на белата облека за време на мечот може да се види менструална крв отсекогаш владеела, но никој не зборувал за тоа.

„Не можам да замислам на најголемиот ден во мојот живот, за време на менструација, да морам да носам бело“, изјави спортската репортерка Кетрин Витак во интервју за британски „Телеграф“.

Поранешната тенисерка и олимписка шампионка Моника Пуиг како одговор на дискурсот, на твитер го коментираше стресот што го доживуваат тенисерките додека се облечени во бело за време на турнир.

Моника Пуиг
Моника Пуиг, 2019 година / Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Сегашниот кодекс на облекување целосно го игнорира влијанието што менструацијата може да го има врз спортистките. Само минатиот месец, тенисерката Женг Кинвен откри како менструалните грчеви влијаеле на нејзината изведба. По катастрофалниот пораз на Зенг од Ига Свиатек на Ролан Гарос, таа им рекла на новинарите: „Не можам да играм, премногу ме боли стомакот“, според Си-Ен-Ен.

„Би сакала да бидам маж на теренот, за да не морам да страдам од стомачни болки. Мислам дека би можела повеќе да уживам, подобро да трчам и посилно да удирам“, продолжи таа во изјавата.

Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Тениската униформа не е единственото нешто што несразмерно ги погодува спортистките. Играчите можат двапати да го напуштат теренот за да одат во тоалет за време на натпреварот (додека тимовите во двојки мора да го поделат доделениот број на паузи). Ограничените паузи за тоалет за време на натпреварот укажуваат и на тоа дека не се земени предвид потребите на жените. Тоа директно укажува дека спортистките мора да носат дополнителна заштита – повеќе влошки или тампони со поголеми димензии, што секако не е решение особено доколку жената е во првите денови од менструацијата.

Британската тенисерка Хедер Вотсон за Би-би-си Спорт изјави дека иако ужива во традиционалниот елемент на носење бело, самата помисла да има менструација за време на турнирот е стресна за неа.

„Веројатно ќе пијам таблети само за да ја одложам менструацијата за да немам добиено за време на Вимблдон“, изјави таа.

Хедер Вотсон
Хедер Вотсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Секако, секогаш како аргумент може да се користат познатите одговори од типот: „Ако можеа да издржат до сега, зошто сега сето ова. Разгалени“. Одговорот лежи токму во ова – никој не мора да трпи нешто што директно влијае на перформансите и што влијае на психичката и физичката состојба на тенисерите во текот на играта. Тоа што до сега не се зборуваше јавно е само доказ дека живееме во општество кое е неуко и кое сè уште го гледа менструалното и репродуктивното здравје на жената како нешто што мора да се сокрие и за кое таа самата треба да се грижи – во тајност.

Според „British Journal of Sports Medicine“, 93% од спортистките пријавуваат симптоми за време на менструацијата, а 67% веруваат дека овие симптоми ги намалуваат нивните перформанси. И не влијае само менструацијата на жените, влошките можат да предизвикаат иритација, а тампоните може да предизвикаат непријатност особено за зголемена физичка активност.

Tatjana Maria
Татјана Мариа / Фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Лековите против болки не се секогаш опција – некои се забранети во спортот затоа што содржат супстанции за подобрување на перформансите, а оние кои земаат одобрени лекови против болки може да доживеат несакани ефекти. Заклучокот е дека сето тоа почива на вековниот кодекс на облекување дизајниран од мажите и правилата што тие ги поставуваат.

Можеби жените тогаш не се чувствувале доволно силни да зборуваат во тоа време, но сите актуелни настани покажуваат колку е моќен гласот на жените денес и колку се подготвени да спречат какво било негативно влијание врз нивното здравје и безбедност, секако неизбежно е дека и одговорните мора да одговараат во конкретниот случај.се справи со кога спортистките се бунтуваат на доволен и организиран начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот