Стрип-авторот и издавач Бруно Јовановски отвора книжарница

Освен проза, поезија, есеистика од еминентни писатели, во книжарницата ќе се најдат и стрипови од познати автори од светот, грамофонски плочи на легендарни групи и музичари и уметнички слики.

Во центарот на Скопје (во близина на порта Буњаковец) утревечер (среда), во 19 часот, ќе биде отворена книжарницата на стрип-авторот и издавач Бруно Јовановски.

Новиот културен простор наречен „Гладно срце“ ќе има богата, оригинална и ретка понуда за посетителите – проза, поезија, есеистика, филозофија, историја на уметност и друго на еминентни писатели од македонскиот, од поранешниот ЈУ-простор и од англиското говорно подрачје. Но, во книжарницата ќе може да се најдат и стрипови од познати автори од светот, грамофонски плочи на легендарни групи и музичари и уметнички слики.

Бруно Јовановски, дипломец на графички дизајн на Европскиот универзитет во Скопје, во својата издавачка куќа „Црна хроника“ основана во 2013 година има објавено ексклузивни, светски стрип-изданија. Тој минатата година во април учествуваше на саемот во Луцерн, Швајцарија, како единствен претставник од Македонија. На неговиот штанд беа изложени стрипови на кои неговата „Црна хроника“ е прв издавач: Henriette Valium „Great success“, Mike Diana „Firebrat“, Nick Blinko „Pickmans model“, Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“ и Mike Diana „Boiled angel the first four“. Влијателното англиско списание за стрип-уметност „Outsider art rawvision“ (број 96) објави опширен приказ на шест страници за авторот и за книгата на Foma Jaremetschuk „An art brut master revealed“, текст напишан од професорот Colin Rhodes.

Издавачката дејност Јовановски ја продолжи со нови два наслова: Valium – Nitnit and the pink lambda mystery и Gunsho – Blood born, кои како и сите досегашни изданија се појавуваат како целосно независни, без чија било помош, што значи и без државна финансиска поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот