Стрицова ги растажи Англичаните

Англиските фанови сè уште ќе мора да чекаат на домашна тенисерка да игра во полуфиналето на Вимблдон. Чешката тенисерка Барбора Стрицова ја разочара англиската јавност со победата над домашната тенисерка Џоана Конта во два сета (7:6,6:1).

Конта одлично го започна дуелот, прва направи брејк и ги подгреа надежите дека конечно ќе има домашна тенисерка во полуфиналето. Одговорот дојде експресно, Барбора Стрицова веднаш го врати брејкот, а потоа во тај брејкот беше подобра и првиот сет го реши во своја корист со 7:5 во поени.

Откако ја „олади“ публиката во првиот сет, во продолжението, Стрицова комплетно ја надигра Конта и со убедливи 6:1 во вториот сет си обезбеди пласман во полуфиналето каде ја очекува пресметка со Серена Вилијамс.

Убедлив настап имаше и Елина Свитолина која во два сета со 7:5,6:4 триумфираше над Каролина Мучова од Чешка.  Свитолина направи вистински кам бек во првиот сет, имаше негатива од 2:5 во гемови во потоа со серија од пет гема во низа, го реши првиот сет во своја корист.

Во вториот сет Свитолина направи три брејка по што дојде до 6:4 за конечна победа над Мучова. Противничка на Свитолина во полуфиналето ќе биде седмата носителка Симона Халеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот