Стресот може да предизвика физичка болка: Проблеми со белите дробови, срцето и кожата

unsplash

Стресот отсекогаш постоел, но никогаш не бил толку присутен во нашето секојдневие, затоа најмногу го поврзуваме со модерното време. Стресот е одбранбрен механизам што ни овозможува да преживееме потенцијално опасни ситуации. Со цел успешно да се одбраниме од предаторите или да избегнеме некои други опасни ситуации.

За време на стресна состојба, нашето тело лачи адреналин и стресни хормони кои го забрзуваат срцето, го зголемуваат мускулниот тонус, го зголемуваат крвниот притисок и лицето е подготвено за итна реакција.

Но, физичкиот механизам на одбрана во денешно време е стимулиран од различни видови на стрес кои не мора да имаат врска со примарната одбрана на животот и здравјето.

За некој тоа може да биде губење на работа, нерешени семејни односи, финансиска состојба и цела низа проблеми што некој лесно ќе ги надмине, додека на други ќе им влијае на создавање реакција. Ако сте преоптеретени од овие хормони предолго, ќе започнете да ги чувствувате ефектите на здравјето затоа што стресот влијае на сите системи, од кардиоваскуларни, нервни, па дури и ментални“, објаснува хрватскиот доктор д-р Милан Мазалин, додавајќи дека во пракса редовно се среќава со луѓе кои доаѓаат кај него понекогаш несвесни дека стресот е причина за нивните физички болки.

Скоро и да нема хронично заболување за кое стресот не е една од причините, па дури и акутните заразни болести во некои случаи можат да зависат од стресот затоа што ја намалува можноста за одбрна на нашиот имунолошки систем и стануваме поранливи“, вели проф. Д-р Даниела Штимац Грбиќ, раководител на Одделот за ментално здравје и превенција од зависност во Хрватскиот институт за јавно здравје.

Психолозите го делат стресот на нормален и стимулирачки стрес и „дистрес“ кој има негативно влијание на нас.

Се дели и според стресорите, значи тоа е физичкиот стрес од кој страдаме поради изложеност на прекумерна бучава, вибрации или природни непогоди. Може да биде и психолошки стрес поради изложеност на долгорочна ментална исцрпеност како што се злоупотреба на работа или неповолни психички околности во нашето опкружување, но исто така и социјален стрес предизвикан од невработеност или егзистенцијална ранливност“, вели таа, додавајќи дека стресот е поделен на акутен, кој трае кратко и хроничен односно долгорочен стрес. Токму долгорочниот стрес е фактор на ризик за развој на болести.

Станува збор за гастроинтестинални заболувања како што се чир на желудник, астма, а често и кожни болести. Се вели дека кожата и белите дробови се органи на кои најчесто се манифестира зголемен стрес. Постојат многу луѓе кои развиваат кардиоваскуларни заболувања, хипертензија и последователно може да имаат миокарден инфаркт. Во поголема мера, дијабетисот е поврзан со стрес, а потоа и болест на тироидната жлезда, хипертироидизам, што е почеста кај жените“, објаснува др. Штимац Грбиќ.

Стресот може да се манифестира и со појава на ментални нарушувања, разни ментални и деструктивни заболувања.

Затоа е важно да се обрне внимание на симптомите што укажуваат на тоа дека стресот го направил своето. Најчести симптоми може да се промени во однесувањето кои се јавуваат во акутен забрзан пулс, забрзано дишење, сува уста, потење на дланките.

Ако стресот трае подолго, може да предизвика појавување на хронични симптоми како главоболка, болка во градите, отежнато дижење, хипертензија, замор, несоница и слично. Воедно на листата најчести симптоми се вклучува и тинитус (зуење во ушите), вртоглавица и општа вознемиреност.

Верувајте дека најдобар лек и најмоќна алатка за стресот е разговорот. Разговор со пријатели, членови на семејството или терапевт. Можеме сами да си помогнеме, практикувајте пешачење, јога, медитација и вежби за дишење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот