Стремеж кон убави нешта, нови вкусови и манири: Од каде потекнува гастрономијата?

гастрономија
Фото: Profimedia

Француските аристократи од 17 век, по примерот на нивниот крал Луј XV, биле во постојана потрага по нови елитистички предизвици во кои тие би се разликувале едни од други, но и би се одделиле од другите европски благородници.

Нивниот стремеж кон убави нешта, нови вкусови и манири, ќе доведе до значителни промени во кулинарската уметност и ќе стане носител на новото движење на добри вештини за подготовка на храна.

Охрабрени и потикнати од барањата на благородниците, готвачите почнуваат да ги напуштаат вкусовите наследени од средновековната кујна, значително ја намалуваат употребата на зачини и престануваат да комбинираат слатко-солени и кисело-слатки мешавини.

Националните кујни на другите европски земји, особено источните и северните, кои не биле подложени на такво обновување, го задржале тој стар, непроменет вкус до денес.

Во 17 -тиот и 18 -тиот век, француските и белгиските готвачи ќе дадат  предност на видот на подготовка за месо што може да го зачува својот вкус што е можно повеќе, што ќе го поттикне производството на квалитетно месо. Тие бараа свеж и ран зеленчук од градинарите, и широк избор на свежа риба од пазарите за риби, бидејќи новата кујна фаворизираше природни вкусови во садовите, а не подготовка и зачини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Núria Bàguena (@nbaguena)

Околу 1680 година, во Версај била отворена нова кралска зеленчукова градина, дело на Ла Квентини. Благодарение на вагоните со коњи кои носеле  риби од Ламанш со брз галоп, рибните пазари во Париз секогаш можеле да понудат свежа риба. Поасониер, или улицата Рибарница, која ја поврзува северната порта на Париз со центарот на градот, сеl уште  потсетува на конкретни набавки од тоа време.

„Готвач Франсоа“ на Франсоа Пјер, наречен Ла Варен, готвач на грофот Иксел, е првиот прирачник за готвење во кој тој во пракса ги објаснува француските кулинарски новини создаден е во 17 век.

Историчарите сведочат за длабоките промени што се случија во тој период, воведувањето нови вкусови и нови манири на масата и даваат објаснување за тоа како настана новото кулинарско движење. Франција беше една од најголемите европски сили во однос на бројот на жители во тоа време, богатството и колонијалната империја. Географските карактеристики на земјата, која има многу разновидни пејзажи, неколку климатски зони и четири излези кон морето, дадоа одлични можности за развој на земјоделството. Комбинацијата на ново и иновативно движење во готвењето и плодна почва, започна постојан процес во кој регионалните производи и вештините за готвење беа меѓусебно охрабрени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pastryplateform (@pastryplateform)

Самиот збор гастрономија првпат го користел во 1801 година сега заборавениот автор, Jозеф Бершу. Тоа значеше пренесување на таквите вештини за уживање на масата, кои беа  воспоставени во 17 век од круг француски аристократи.

Терминот гастрономија оттогаш се користи за она што се нарекува „уметност за правење добра храна“, а тоа е нагласено во нивните дела од автори како Гримо де ла Рение и Бриа-Саварен, истовремено придонесувајќи за славата на гастрономија и гастрономите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynn Daniella (@jump_into_my_kitchen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот