Стрела и асистира, Тричковски во одлична форма! (ВИДЕО)

Фото: ФФМ

Тричковски се враќа во вистински момент, секако ова е добра вест за селекторот на нашата А репрезентација Игор Ангеловски кој дефинитивно би имал одлична опција во нападот за наредните квалификациски мечеви.

Препознатливо, Тричковски им се враќа на головите, но и секако асистенциите во дресот на АЕК Ларнака со кој забележа нов триумф.

Во рамките од летните подготовки пред новата натпреварувачка сезона, македонскиот репрезентативец беше најзаслужен за победата на кипарскиот клуб.

Кипрани триумфираа денеска со резултат 2:0 против полската екипа на Горник Забрзе. Доказ дека се враќа во голгетерска форма, се и двата гола пред четири дена во победата против Лех Познањ.

Најпрвин нашиот интернационалец асистираше за водство во 26 минута, а непосредно пред крајот на првото полувреме беше прецизен од белата точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот