Стравувајќи од нова епидемија Кина стави во карантин регион од 640 илјади луѓе

Главниот проблем е лоциран во фактот дека во оваа област има многу асимптоматични преносители на вирусот. Имено, овие лица не се болни, но можат да го пренесат Ковид -19 вирусот и да предизвикаат ширење на заразата.

Кинескиот регион Јиа кој е населен со 640 илјади луѓе е ставен во карантин, откако беа регистрирани новозаболени од коронавирусот.

Оваа информација потврдува дека Кина сè уште не го победила коронавирусот и дека со укинувањето на карантинот ризикува да ѝ се врати инфекцијата и да дојде до нов бран на епидемија.

Главен проблем за кинеските здравствени власти е факот што ниту еден од заразените, засега, не ги манифестира досега познатите симптоми од коронавирусот,поради што е невозможно навремено откривање и дијагностицирање на болеста.

Во изминативе денови, бројот на заболени и заразени случаи од коронавирусот во Кина повторно се зголеми. Изминативе два дена се регистрирани вкупно 100 новозаболоени, соопшти кинеското министерство за здравство.

Во кинескиот регион Јиа, каде живеат повеќе од половина милион луѓе, повторно е воведен карантин, бидејки се регистрираат нови заболени.

Главниот проблем е лоциран во фактот дека во оваа област има многу асимптоматични преносители на вирусот. Имено, овие лица не се болни, но можат да го пренесат Ковид -19 вирусот и да предизвикаат ширење на заразата.

Најчест извор на инфекцијата е од редовите на медицинскиот персонал, кои можат да инфицираат здрави пациенти со коронавирус.

На светските здравствени експерти сè повеќе им е јасно дека овие невидливи преносители на инфекцијата, имаат многу голема улога во ширењето на пандемијата наспроти досегашните сознанија.

Речиси во сите држави во светот,главната индикација за заболените е висока температура и кашлица. Доколку пациентот нема такви симптоми, автоматски отпаѓа од опцијата да биде тестиран.

Но, доколку се работи за асимптомичен пациент, тогаш се ризикува тој да ја пренесе заразата врз други лица.

Медицинските ексерти стравуваат дека токму асимптоматичните лица би можеле да бидат причинители за започнување на втор бран од епидемијата на корнавирусот во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот