Стравотна тишина и бројни полициски контроли на скопските улици (ВИДЕО)

Стравотна тишина владее вечерва по скопските улици и булевари. Откако во 16 часот денеска започна полицискиот час кој ќе трае до 5 часот изутрина, вечерва единствени по улиците кој минуваа се лицата кој одат или се враќаат од своите работни места, а сите нив ги контролираат бројните полициски патроли.

Токму полициското присуство во градов вечерва е со ист број и капацитет како и изминатите вечери откако на сила е полицискиот час. На сите клучни раскрсници има постојани полициски патроли, ги легитимираат сите кои се движат по улица, а истото се однесува и на возачите.

Полицајците со заштитни маски на лицето и медицински ракавици на рацете ги проверуваат дозволите и личните карти на минувачите. Откако ќе минете една проверка, на само изминати неколку стотина метри, без разлика по која улица или булевар се движите ќе наидете на нова патрола. И повторно проверка на документите.

Вечерва, иако станува збор за сабота, имаше и такви кој облечени во темна облека, скришум со трчање ги претрчуваа улиците, само да стигнат таму каде наумиле, а да ги избегнат патролите и големите прекршочни и парични казни.

Од нашата вечерна обиколка на градот, но и од разговор со припадниците на полицијата дознаваме дека беспрекорно се почитува полицискиот час во Скопје, а до сега не е регистриран ниту едно нарушување на полицискиот час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот