СТРАВИЧНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКО: Камион се заби во бетон

Камион со приколка вечерва удри во напуштената (старата) патарина во близината на Градско, при што причинета е материјална штета. Возачот веднаш е пренесен во болницата во Велес каде што има полесни повреди.

„Поставете соодветна сигнализација кога оставате бетонски остатоци како чиреви од стара патарина. Дури и најискусните (возачи на камиони) прават грешки бидејќи е вечерно време и нема соодветни знаци. Возачот на брза помош кажа дека е 5-ти или 6-ти случај откако е преселена патарината. Да не биде предоцна, бидејќи никој од нас нема да одговара.

Сликата е страшна, но возачот е пренесен во Велес со расекотина на глава на снимање“, стои во објавата на фејсбук на страницата Ѕид на сообраќајниот срам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот