Стравична снимка од црква во Бејрут: Среде свадбената церемонија се затресе, луѓето бегаа во паника (ВИДЕО)

Фото: Youtube/Printscreen

Нова снимка покажува низ каков хорор поминаа жителите на Бејрут на денот на страотната експлозија која го уништи градот.

Додека поканетите гости се подготвуваа за венчавка во Бејрут, црквата се затреси. Прво помислиле дека е земјотрес, но кога следувал уште еден удар настанала паника.

Гостите потрчале врескајќи и се сопнувале на патот до излезот.

Возрасните ги заштитувале децата, а надвор веќе може да се види густиот црвенкаст чад на небото, од експлозијата која ја разори либанката престолнина. Стаклата се испокршени, а внатрешноста на црквата е оштетена.

Во смртоносната експлозија во пристаништето во Бејрут загинаа најмалку 157 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот