СТРАВИЧЕН ПОЖАР ВО ТЕБРИЗ: Најголемиот базар во светот гореше шест часа

Најголемиот базар во светот и еден од најстарите на Блискиот Исток, во иранскиот град Тебриз, го зафати пожар, а пожарникарите успеаја да го изгаснат по шест часа борба со огнот.

Во пожарот полесно се повредени 16 лица, а околу 150 продавници се оштетени.

Базарот во Тебриз, кој е под заштита на УНЕСКО, датира од пред илјадници години, а во него има 5.500 продавници.

Причината за пожарот засега не е утврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот