Стратешка цел на Хрватска е да го воведе еврото

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека стратешка цел е до крајот на мандатот на следната влада земјата да ги исполни критериумите и да го усвои еврото како официјална валута.

Пленковиќ нагласи дека има бројни економски бенефити од еврото -трајно ќе се отстрани валутниот ризик во економијата и ќе се намали трошокот на задолжувањето на сите домашни сектори, односно граѓаните и фирмите ќе имаат помалку трошоци на финансирањето отколку во случај Хрватска да остане надвор од еврозоната, пренесе синоќа „Вечерњи лист”.

-Со воведувањето на еврото Хрватска трајно ги решава ризиците, трајно ќе го острани трошокот за конверзија, а за економијата, исто така, е важно да се нагласи дека употребата на заедничката валута трајно придонесува за засилување на меѓународната размена и конкурентност- рече Пленковиќ.

Еврото е втората најголема и најсилна глобална влаута која ја користат 340 милиони лица во ЕУ, рече премиерот на Хрватска, пренсен од Б92.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот