Стратегијата на Путин за Донбас – регион кој може да одлучи за војната во Украина

Знаме на Донбас / МИА

Русија го префрли најголемиот дел од фокусот на својата војна во источна Украина, откако ги повлече своите сили од околината на главниот град Киев. Битката за стариот индустриски центар на Украина познат како Донбас најверојатно ќе ја реши судбината на руската инвазија.

Руските сили сега контролираат големи делови од југот, предизвикувајќи хуманитарна катастрофа поради долгата опсада на пристанишниот град Мариупол.

Но, украинскиот претседател Зеленски вети дека украинската армија „ќе се бори за секој метар од Украина “, а некои од нивните најдобро обучени сили веќе се распоредени на исток во текот на осумгодишната војна со сепаратистите поддржани од Русија.

Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Што е украинскиот Донбас?

Кога претседателот Путин зборува за Донбас, тој мисли на старата територија на Украина за производство на јаглен и челик. Она што тој всушност мисли е целина од два големи источни региони, Луганск и Доњецк, кои се протегаат од градот Мариупол на југ сè до северната граница.

Проруските сили окупираа повеќе од една третина од територијата на Донбас откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.

Сепак, иако главно се зборува руски, овие делови на Украина повеќе не се проруски.

Експертите велат дека се збунети бидејќи градот „Мариупол важел за еден од најпроруските градови во Украина
Еден месец по војната, Русија тврдеше дека презела контрола над 93% од регионот Луганск и 54% од Доњецк.

Украинскиот лидер Володимир Зеленски во средината на април изјави дека руските сили ја започнале „битката за Донбас, за која се подготвувале долго време“. Сепак, тие се далеку од освојување на целата област, па дури и да може да победат, тоа би било многу голема територија за контрола.

Зошто Путин сака да го контролира Донбас?

Непосредно пред да започне војната, претседателот Путин ги призна Луганск и Доњецк како независни од Украина. Москва постојано ја обвинува Украина дека извршила геноцид на истокот. Конфликтот во Донбас од 2014 година до денеска однесе повеќе од 14.000 животи, но три четвртини беа борци, а линијата на фронтот долга 420 километри не е значително променета од 2015 година.

Меѓутоа, дури кога руската воена инвазија на Киев не успеа, вниманието беше насочено кон „постигнување на главната цел – ослободување на Донбас“.

Можен следен чекор за Русија би бил анексијата на Донбас и другите соседни области, исто како што тоа го направи претседателот Путин со Крим по референдумот спроведен во 2014 година.

Прорускиот лидер во Луганск веќе најавуваше одржување референдум во „блиска иднина“, а некои извештаи велат дека е планирано гласање и во Доњецк и во Луганск во средината на мај. За разлика од Крим, неодамна освоените области остануваат воена зона и идејата за одржување на какво било лажно гласање би била апсурдна.

руски тенкови EPA-EFE/

Која е стратегијата на Путин?

Украинската армија смета дека рускиот лидер сака целосна контрола не само над Донбас, туку и врз јужниот регион Керсон, северно и западно од Крим и дел од Запорожје.

Тоа ќе му даде копнен мост долж јужниот брег до руската граница и контрола на водоснабдувањето на Крим. Во Керсон, Русија веќе се обидува да ја замени украинската валута со сопствена рубља и може да се обиде да одржи гласање за создавање на друга прокси псевдо-република.

Рускиот генерал Рустам Минекаев дури рече дека целта е да се прошири контролата преку брегот на Црното Море надвор од Одеса, но тоа во моментов за русите изгледа далеку од остварливо.

Голем дел од Доњецк и клучните области на Луганск се уште се во украински раце, па руските сили се обидуваат да ја опколат украинската армија на исток, движејќи се од север, исток и југ.

„Ова е голема територија што треба да се контролира и мислам дека не треба да ја потценуваме географската сложеност овде“, вели Трејси Герман, експерт за конфликти и безбедност од Кралскиот колеџ во Лондон.

Украинските сили задржаа уште еден град во Харков јужно од границата со Русија, но Русија има контрола врз стратешкиот град Изум – појужно по главниот автопат кој е свртен кон исток, контролиран од сепаратистите.

„Ако погледнете што прават околу Изум, тоа ги следи главните автопатски линии и би имало смисла, имајќи предвид дека најголемиот дел од нивната опрема се движи по пат и железница“, додава Герман.
Градовите кои сега се цел на Русија веќе преживеаја години на војна откако сепаратистите поддржани од Русија првпат окупираа големи делови од Донбас.

Следната голема цел по патот М03 е Славјанск, град со 125.000 жители кои во 2014 година беше окупиран од силите поддржани од Русија пред да бидат повторно заземени од украинците . Голема цел е и окупацијата на Краматорск, лоциран појужно од Славјанск.

Американскиот институт за проучување на војната (ISW) вели дека руската кампања за освојување на двата региона е „веројатно ќе пропадне“ доколку Украина успее да го задржи градот Славјанск.
Руските сили ги нападнаа градовите под контрола на Украина во Луганск додека напредуваа од север и од исток. Тие ја зазедоа Кремина, северозападно од Северодонецк и ги нападнаа Рубижне, Попасна и Лисичанск.

Тие градови се важни бидејќи нивната контрола ќе и овозможи на Русија да се движи кон запад и да се поврзе со руските сили кои туркаат југоисточно од Изум, смета институтот.

Русите мора да ги контролираат линиите за снабдување по пат и да го блокираат пристапот на Украина до железничките линии од запад. Железницата е најефикасниот транспорт за украинските војници и тешкото оружје и е најбрзата рута за бегство на цивили.

Контрола на делови од железничката мрежа, исто така, ќе им овозможи на руските сили да ги префрлат своите војници и резерви.

Шефот на регионалната воена администрација Серхиј Хаидаи смета дека целта на Русија е да уништи се што им стои на патот за да се постигне целта на Владимир Путин да стигне до западните регионални граници на Луганск.

Цивилите емигрираат пред напредувањето на Русија. „Далеку е пострашно да останеш и да загинеш на спиење од руска граната“, рече Хаидаи.

Преку Луганск се прекинати железничките линии до и од Донбас, а единствените преостанати услуги во Доњецк одат кон Покровск. Во поќетокот на април додека украинските цивили чекаа да избегаат од руското бомбардирање на возовите што пристигнуваа од Краматорск, во ракетен напад загинаа 57 луѓе

Украински тенкови, Фото: Profimedia

Дали украинските сили можат да издржат?

На почетокот на војната, 10-те бригади кои ја сочинуваа украинската заедничка операција на исток се сметаа за најдобро опремени и најдобро обучени војници што ги има Украина.

„Сега навистина не знаеме колку се силни украинските сили“, смета Кралскиот институт за Обединети служби во Лондон . Тие сметаат дека бројот на украинските сили ќе биде зголемен со ангажман на доброволци .

„Главната цел на Украинците е да нанесат што е можно поголема штета на руската страна, а Украинците користат асиметрична тактика за да избегнат големи битки“, велат експерти на овој институт .

Американските власти имаат сознанија дека Русија сега има 93 баталјонски тактички групи кои дејствуваат на исток. Батаљоните обично бројат од 700 до 900 луѓе, но Британија вели дека Русија не успеала да ја претвори својата нумеричка сила во одлучувачка предност.

И покрај воените засилувања, постои скептицизам дека руските сили брзо ќе постигнат каков било пробив.

Руските сили веќе претрпеа големи загуби по повеќе од два месеци конфликт, а се смета дека моралот е низок. Нивните единици се составени од луѓе ангажирани од локалните сепаратистички области, многумина под принуда, како и од пошироката руска регрутна војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот