Стратегијата на Јувентус за Пол Погба!

twitter.com/Realmadridplace

Доколку го напушти Манчестер јунајтед или во јануари или поверојатно во текот на летото, Реал и ПСЖ исто така ќе се најдат во трката за Французинот.

Јувентус сака повторно да соработува со Пол Погба, а во тој трансфер Емре Џан или Адриен Рабио би можеле да бидат како дел од размената со Манчестер Јунајтед.

Веќе подолг период повредите го мачат 26-годишниот светски шампион, дури и може да биде подложен на операција на глуждот, иако тоа не го запира да објавува видеа од себе како танцува и игра кошарка за време на периодот на опоравување.

Британските медиуми многу често му најавуваат заминување од „Олд Трафорд“, додека агентот Мино Рајола постојано говори за неговата иднина.

Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2021 година, дури и ако постои можност истиот да биде продолжен на уште една година, има информации дека би можел да се врати во Јувентус уште овој месец.

Весникот „Сан“ пишува дека Рабио (кој тешко се снаоѓа во Торино) би можел во договорот за размена (90 милиони евра). Емре Џан е уште еден играч кој се очекува да го напушти Јуве, односно не е регистриран во составот за настапи во Лигата на шампионите.

Доколку го напушти Манчестер јунајтед или во јануари или поверојатно во текот на летото, Реал Мадрид и ПСЖ исто така ќе се најдат во трката за услугите на Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот