Детали за страшното злосторство во Шведска: Деца избодени со нож и фрлени низ прозорец

шведска полиција стокхолм
Местото на злосторството во Стокхолм / Фото: ЕПА

Во неделата вечерта во Шведска се случи стравично злосторство при што едно дете е повредено, а друго е убиено.

Станува збор за деца помлади од 10 години, кои во неделата вечерта биле пронајдени пред зграда во западниот дел на Стокхолм. Едното дете починало, а другото е тешко повредено и е во животна опасност.

Полицијата соопшти дека децата биле избодени со нож во станот, а потоа фрлени од балконот. Жена и маж се уапсени под сомнеж за убиство и обид за убиство, а двајцата се роднини на децата.

Повреден е и еден од возрасните.

Полицијата добила повик од Хаселби во Стокхолм околу 21:45 часот по локално време. Случаен минувач ги нашол децата на земја пред зградата. Истрагата е во тек, пишува норвешкиот весник Афтенпостен.

Според информации за Експресен и неколку други шведски медиуми, 45-годишниот татко на децата, ги избодел додека биле во кревет. Се зборува дека потоа самиот се исекол со ножот.

Од полицијата не потврдуваат ниту демантираат за ова, а сѐ уште не се сослушани ниту мажот ниту мајката на децата. Но, полицијата почна да сослушува сведоци и да тропа на вратите во соседството.

– Запленивме облека, на пример, а местото на злосторството е оградено, вели полицискиот портпарол Даниел Викдал за медиумите.

Познато е дека 45-годишникот претходно не бил осудуван. Соседот, кој живее на истиот кат, за Експресен раскажува дека во неделата во 21.30 часот слушнал врева од семејниот стан.

– Повеќе звучеше како нешто или некој да паднал отколку како да вреска. Не ги слушнав вресоците на децата. Но, тоа помина многу брзо, па не размислував многу за тоа, вели човекот.

Тој го опишува семејството како невообичаено тивко, а таткото на семејството како пријатен сосед.

– Од време на време го среќавав во лифт. Беше многу пристоен и љубезен, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот