СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО ВО БЕЛОРУСИЈА: Монструм тепал и малтертирал осуммесечно бебе, па му ја откинал главата (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Виктар Шархел (48) е осуден на смртна казна со стрелање поради тепање, убодување и на крај откинување на главата на осуммесечно девојче во Белорусија.

Во својот дом се алкохолизирал со мајката на бебето, Наталија Колб, кога се случило крвавото злосторство.

Таткото на девојчето, Леонид Колб, стигнал дома, а потоа ја пронашол својата ќерка во локви крв.

Наталија Колб исто така е осудена поради убиство на 25 години затворска казна.

48-годишниот маж е осуден во Белорисија за тепање и откинување на глава на осуммесечно бебе. Виктар Шархел е осуден на смрт со стрелање поради убиство на бебето Ана, додека мајката Наталија Колб (26), инаку негова пријателка, исто така била присутна кога се случило злосторството.

Наталија исто така е осудена за убиство и тоа со затворска казна од 25 години, што е најстрогата казна која една жена може да ја добие според белорускиот закон.

Виктар и Наталија се алкохолизирале во нејзиниот стан, кога таткото Ленид Колб дошол дома и ја затекнал страшната глетка.

Кога Леонид влегол во станот со двајцата синови, „ја видел својата ќерка како лежи во локва крв, со откината глава“.

Детето имало 46 посебни повреди на телото и било убиено со готвачки нож. Еден комшија рекол: „Кога Леонид влегол во станот, забележал сцена од хорор филм“.

Докторката на брзата помош се онесвестила кога влегла.

Бебето било претепано пред да биде убиено, а убиството било извршено „доста брутално“, проценил судот во Брест.

https://youtu.be/pRjktz6I6zk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот