СТРАШНО : „ТОР“ ОД МАКЕДОНИЈА со чекан демолирал болници во Германија

shtegu.com

Четириесет годишник од Македонија успеал за една вечер во Германија да демолира стоматолошка амбуланта, една болница како и локал за игри на среќа и тоа со чекан.

Новото издание на “Raging Hercules” се одржа во петокот, вака го опишуваат настанот германските медиуми, пренесува порталот Shtegu.com. Германската полиција даде и детален опис на настанот кој се случил близу Лајпциг.

– Во една стоматолошка ординација, која се затвараше во моментот, низ отворената врата влегол маж, првично непознат. Стоматологот (62) и двајцата вработени беа сосема изненадени. Машкото лице користело чекан за да уништи неколку прозори, еден компјутер и шалтер. Стоматологот беше навредувана со срамни зборови, а подоцна и нападната и претепана. Таа помина со мали повреди. Нејзините соработници успеале да побегнат и побарале помош – стои во описот на полицијата.

Според информациите, држвјанинот на Северна Македонија потоа седнал во автомобил паркиран на тротоарот и се упатил во правец на Лајпциг.

– Подоцна беше информирано дека тој првично влегол во Клиниката ”Хелиос” и создал хаос во “затворениот оддел”, и трчал по медицинска сестра. Изгледа тој ги барал неговите стари досиеја. Тогаш беше алармирана полицијата при што беше даден опис на лицето. Првичната истрага покажа дека возилото и регистарските таблички биле познати, а полицијата веднаш почнала да го бара лицето – велат од германската полиција.

Во меѓувреме, било објавено дека лицето со возилото пристигнало во центарот на градот и демолирало и еден локал за игри на среќа, при што нема повредени, но тој му ги скришил стаклата и на едно паркирано возило пред локалот.

– На тоа место државјанинот од Северна Македонија го оставил чеканот и побегнал. Во меѓувреме, бил откриен идентитетот на лицето и уапсено. Станува збор за 40-годишен државјанин од Северна Македонија. Тој е веќе во притвор и се соочува со законските постапки. Некористењето на лековите од кои бил зависен го поттикнале на овие дејствувања. Во моментов се разгледува можноста да биде третиран од лекар специјалист – се вели во описот на настанот од страна на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот