Страшно невреме во Непал, 55 загинати

Лизгање на земјиште во Непал/Фото: Скриншот

Во силно невреме кое го зафати Непал, проследено со разорни поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, бројот на загинати се искачил на 55 лица, додека десетици луѓе се повредени и се водат за исчезнати, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија властите во Непал.

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите села откако обилните монсунски дождови во последните денови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал.

Портпаролот на Владата во Непал, Гокул Банскота изјави дека „невремето причинило и големи економски штети”, за што ќе се направат дополнителни проценки.

И северноисточната индиска држава Ашам е погодена од силни поплави предизвикани од монсунските дождови, кои присилија најмалку 1,5 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Во соседен Читагонг во Бангладеш евидентирани се десет мртви, речиси половина милион се евакуирани, а најмалку 20 села се поплавени, пренесува Ал Џезира Балкан.

Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што страдаат стотици лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот