Страшно невреме во Непал, 55 загинати

Во силно невреме кое го зафати Непал, проследено со разорни поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, бројот на загинати се искачил на 55 лица, додека десетици луѓе се повредени и се водат за исчезнати, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија властите во Непал.

Десетици илјади луѓе се евакуирани од своите села откако обилните монсунски дождови во последните денови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави низ Непал.

Портпаролот на Владата во Непал, Гокул Банскота изјави дека „невремето причинило и големи економски штети”, за што ќе се направат дополнителни проценки.

И северноисточната индиска држава Ашам е погодена од силни поплави предизвикани од монсунските дождови, кои присилија најмалку 1,5 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Прочитајте и...  Полициски час и денеска во државава

Во соседен Читагонг во Бангладеш евидентирани се десет мртви, речиси половина милион се евакуирани, а најмалку 20 села се поплавени, пренесува Ал Џезира Балкан.

Сезоната на монсуни во Непал, што трае од јули до септември, секоја година предизвикува катастрофални лизгања на земјиштето и поплави, при што страдаат стотици лица.

Прочитај повеќе

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат

Социјалната дистанца во авионот донесува поскапи карти?

Слободен печат

Семејство по 92 години „владеење” ја изгуби власта во француската општина Бозак

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

Слободен печат

Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Слободен печат

Вака Американците се „дистанцираа“ викендов, среде пандемијата (ВИДЕО)

Слободен печат

СЗО привремено го прекина испитувањето на лекот хидроксиклорокин во лекувањето на коронавирусот

Слободен печат

Демант од проректори на УКИМ до ректорот Јанкуловски

Слободен печат

Мицкоски: Август и септември најдобар период за одржување на избори, тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Слободен печат