Страшно невреме во Хрватска: Паѓаше град со големина на орев, ветерот корнеше покриви (ВИДЕО)

Невреме во форма на град / Фото: Facebook

Хрватскиот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) по пат на Метеоаларм денеска издаде портокалово предупредување за регионот на Риека и Истра.

Големо невреме ја зафати Истра попладнево, и тоа најпрово западниот брег на полуостровот.

Во текот на денот на подрачјето на Истра имало локални врнежи, но попладнето се развило во невреме на море, кое потоа ја зафати Италија и поширокото подрачје на Риека.

Во Умаг се мини торнадо рушело стебла.

Хрватскиот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) по пат на Метеоаларм денеска издаде портокалово предупредување за регионот на Риека и Истра.

„Бидете подготвени на посилни грмежи кои можат да предизвикаат голема штета и да не заштитат од молњи. Можни се оштетувања на имотот и на дрвјата. Можни не надојдени поплави, силни удари од ветер и град како и прекини во сообраќајот на море, предупредија од ДХМЗ.

Освен Истра, промена го зафати и Карловац и Дуга Реса, каде паѓаше град со големина на Орев, Настрада и дел од зградата на градската куќа на која ветерот ѝ го однесе покривот.

На терен се пожарникари и полиција, а засега немаат податоци дали некој е повреден.

Град и обилни дождови имаше и во Краловац, а на социјалните мрежи веќе почнаа да се шират објави за штетите во градините и полињата. Некои луѓе јавуваат дека градот им искршил прозорци, пренесува Индекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот