СТРАШНО: „Исушена нога“ на велосипедист го шокираше регионот! (ФОТО)

фото/Инстаграм

Тоа не би било ништо чудно да не делуваат како одличен примерок за проучување на мускулите на часовите по анатомија, скоро без никаков грам маснотии.

Поточно, многумина беа шокирани кога ја виделе неговата скоро исушена нога после една трка. Овој спортист се бори со „булимија“, па понекогаш заради неговите големи напори, можете да погледнете како изгледа неговата нога.

– Вака изгледа мојата нога по трката – напиша тој, укажувајќи на фотографијата од ногата за која повеќето луѓе мислат дека е исушена и се видливи деталите. Веднаш имаше голем број на коментари како: „Страшно“, „Болно“, „Дали те боли“, „Те молам, јади нешто“…

За него од голема важност беше трката во Хрватска после девет месеци пауза, па на Инстаграм испрати порака нема да направи некаква грешка. Но, тој падна на допинг тест, бидејќи беше позитивен на метилексанамини на истата оваа трка.

Објасни и како се случило, односно тоа е последица од борбата дека држи булимија под контрола:

– Морав да им кажам за булимијата. Зедов замена за јадење затоа што тоа беше единственото нешто што можев да го задржам во себе. Немаше ден во тој период кога не плачев пред да тргнам да возам. Бев очаен и депресивен – додаде искрениот Брајковиќ.

За професионалците е нормална појава, а тоа го потврдуваат и лекарите.

– Велосипедизмот е еден од најтешките спортови, во кои трките траат осум часа, во сите можни временски услови и во многу ридови. Во етапните трки, велосипедистите возат околу 6-8 часа на ден, и така три недели. Притоа на велосипедистите пулсот е постојано многу висок, а често и заради „скокови“, пулсот скока до максимални вредности. За вакви напори, велосипедистите исто така мора да имаат доволно сила и издржливост на мускулите и ниско ниво на маснотии во организмот, или што е можно помала телесна тежина – се зборовите на лекарката Наташа Десница за „Jutarjni.hr“.

View this post on Instagram

It's only about not fucking it up now ?

A post shared by Jani Brajkovic (@janibrajkovic) on

Лекарите исто така го велат следново:

1. Поради напорот, се топи целата поткожна маст, така што мускулите изгледаат суви

2. Дехидрираноста предизвикува да се види секоја вена на телото

3. Овој изглед не е постојан, наскоро физиономијата се нормализира

4. Поради долготраен напор и висок пулс, телото на велосипедистот мора да има ниско ниво на маснотии (треба да биде колку што е можно полесно)

5. Метаболизмот е забрзан, хормоните се без контрола, се менува аеробното и анаеробното добивање на енергија се менува, а организмот е во состојба на долгорочен стрес на многу високо ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот