СТРАШНО: Гроб среде троатоар, дознајте во која улица се наоѓа (ФОТО)

Инсајдери

Гроб стар неколку векови е бетониран во тротоар, изграден неодамна во една од улиците во косовскиот град Петрово, во Општина Штиме. Гробот останал на среде тротоарот, бидејќи семејството на покојниот не дава согласност да биде преместен.

Од Општина Штиме не успеале да ја убедат ниту Судската медицина за преместување на овој гроб, јавува Коха Диторе.

Членовите на семејството велат дека тоа е гробот на Халит Рашити и дека тие нема да дозволат преместување поради оставен аманет. Екрем Рашити, роднина на покојниот, изјавил дека целото соседство се спротивставува на ова преместување и нема да ѝ дозволат ниту на Судска медицина да интервенира.

– Општината доби согласност за реализација на проектот, но не и за отстранување на гробот. Ние како соседство не дозволуваме нашиот роднина да биде преместен, бидејќи неговиот родител оставил аманет секогаш кога наутро ќе се разбуди да го види гробот на неговиот син пред нашата населба. Овој гроб не пречи ништо, па дури ниту движењето на граѓаните, бидејќи бил стеснуван и поголемиот дел бил покриен. Значи, ние нема да дозволиме никој повторно да го погреба него – изјвил Рашити.

Шкипе Реџај, директорка за Урбанизам, катастар и геодезија во Општина Штиме, потврди дека не успеале да го убедат семејството за преместувањето на гробот.

Коха.нет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот