Страшно деби во ММА: Го фрлаше противникот како „играчка“! (ВИДЕО)

фото: senego.com

Својата прва борба ја имаше во Дакар, а од главниот град на Сенегал испрати поради до сите идни негови ривали во ММА.

Борецот од Сенегал, Умар Кан во рамките од „Арес Фајтинг шампионат“ настапи против Софиан Букичу и го совлада во втората рунда.

Судијата мораше да го прекине мечот, бидејќи ривалот падна на подот после силните налети на Сенегалецот кој дебитираше во ММА октагонот.

После првата рунда која помина во одмерување на силите, Кан тргна уште поофанзивно во втората рунда и почна со посериозни удари кон противникот кој беше немоќен нешто повеќе да направи.

Популарниот „Руг Руг“ го привлече вниманието на љубителите на боречките спортови, непоразен шампион во борењето. Висок е 196 сантиметри и тежок над 120 килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот