СТРАШНО: 11-годишник во Косово Поле претепан, силуван, а потоа пронајден мртов – Слободен печат
ВестиРегион

СТРАШНО: 11-годишник во Косово Поле претепан, силуван, а потоа пронајден мртов

Денеска полицијата информираше дека е уапсен 20 годишник, осомничен за злоставување врз малолетникот кој беше пронајден мртов

Косовската полиција уште од јануари оваа година била информирана за сексуалното злоставување врз 11-годишникот К. Весели од Косово Поле. Но, не биле преземени никакви дејствија се додека К. Весели не бил пронајден мртов по седуммесечното пријавување на случајот, пренесува Инсајдери.

Постојат сомненија дека 11-годишното момче три пати било силувано од 20-годишниот Сефедин Османи.

Ова го изјави и мајката на 11-годишникот Макфире Весели. Таа рече дека полицијата била информирана од јануари за осомничениот Сефедин Османи. Весели, исто така, вели дека и семејството на осомничениот било информирано за злоставувањето што го направил нивниот син.

Но, злоставувањето и насилството врз К. Весел продолжило се до 11 јули, кога тој бил пронајден мртов под скалите на станбен комплекс во населба во Косово Поле. Детето било пронајдено мртво од страна на полицијата.

Извештајот за обдукцијата на телото на детето потврди дека жртвата била силувана три пати од истото лице. Според обдукцијата раната од силувањето била свежа на телото на 11-годишното момче. Вака информираат извори на Експрес од Институт за судска медицина.

„Раната од силување беше свежа. Жртвата според анализата била силувана 3 пати. Првин тој бил претепан и потоа силуван. Има сериозни повреди на главата“,  велат лекарите од судска медицина.

Како што пренесува Инсајдери, денеска Косовската полиција информираше дека е уапсен 20 годишникот, Сефедин Османи, осомничен за злоставување врз малолетникот К.Весели од Косово Поле кој бил пронајден мртов.

Полицијата информираше дека случајот кој бил пријавен на 11.07.2019 првично бил категоризиран како „сомнителна смрт“, а по истражните и оперативните акции, како и по наредба на државниот обвинител, овој случај бил квалифукуван како кривично дело „тешко убиство“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close