Страшни рани од каснување од куна во Градски парк (ФОТО)

Две длабоки рани на ногата се последиците од каснувањето од куна на што било жртва девојче од Скопје додека си играло во Градскиот парк. Настанот се случил на 29 минатиот месец, а девојчето не знаело што точно го каснало.

Како што пишуваше вчера „Слободен печат“ родителите ја однеле на Инфективната клиника каде и после прегледот не било сигурно што ја каснало. По препорака на докторката е консултиран ветеринар кој спорд раните од заби и измерено растојание се утврдило дека е куна. Девојчето го препознало животното на слика. Даден му е серум за беснило, вакцина против отрови, антибиотик и преврски за раната.
Како и во случајот со каснување од куче, доколку се тужи Град Скопје преку Граѓанскиот суд може да се оствари отштета, а висината зависи од лекарското вештачење што се доставува до судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот