Страшни рани од каснување од куна во Градски парк (ФОТО)
Слободен печат
Пред
Две длабоки рани на ногата се последиците од каснувањето од куна на што било жртва девојче од Скопје додека си играло во Градскиот парк. Настанот се случил на 29 минатиот месец, а девојчето не знаело што точно го каснало.
Како што пишуваше вчера „Слободен печат“ родителите ја однеле на Инфективната клиника каде и после прегледот не било сигурно што ја каснало. По препорака на докторката е консултиран ветеринар кој спорд раните од заби и измерено растојание се утврдило дека е куна. Девојчето го препознало животното на слика. Даден му е серум за беснило, вакцина против отрови, антибиотик и преврски за раната.
Како и во случајот со каснување од куче, доколку се тужи Град Скопје преку Граѓанскиот суд може да се оствари отштета, а висината зависи од лекарското вештачење што се доставува до судот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Повикот за македонско национално единство и мораториум на нападите кон ЗНАМ и Левица, кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го упати на почетокот на кампањата за парламентарните избори, може да се чита како исцртување на контурите на можниот нов владин кабинет, ако Мицкоски биде мандатарот за состав на новата влада. Ако се реализира планот на …
Британската владата предлага од 2027 година никој под 18 години да не може да пуши, земјата се стреми кон тоа да воведе комплетна забрана за пушење на цигари, вклучително и електронски цигари за сите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Ако помине овој закон Британија ќе стане првата земја која вовела една од најстрогите …