СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД УРАГАНОТ ДОРИЈАН: Потребна е храна за 60.000 луѓе на Бахамите

Официјални претставници на Обединети нации проценуваат дека ќе биде потребна храна за повеќе од 60.000 луѓе по катастрофалниот удар на ураганот Доријан на Бахамите.

Портпаролот на Светската програма за храна, Херве Верхосел, истакна дека нивниот тим е подготвен да и помогне на Владата на Бахамите да ги процени штетите и да одреди приоритети.

Прелиминарните пресметки покажуваат дека потребна е храна за 45.700 луѓе на Големиот остров, и за уште 14.500 во соседните острови Абако.

Во исто време, портпарол на Меѓународната асоцијација на Црвен крст и полумесечина истакна дека за 62.000 луѓе ќе биде потребно да имаат пристап до чиста вода за пиење.

Околу 45 отсто од домовите се уништени на островите, а организацијата ќе им помогне на 20.000 најзагрозени лица.

Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите по ударот на ураганот Доријан што се движи кон Источниот брег на САД, каде се евакуирани над милион жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот