Страшната трагедија која го натера Еди Марфи да стане еден од најдобрите комичари!

Profimedia

Легендарниот американски актер и комичар Еди Марфи (59) е еден од најуспешните комичари на сите времиња и се наоѓа на листата за 100 најдобри стендап комичари во светот.

Еди позади себе има голем број на филмски комедии кои пред малите екрани собираа илјадници семејства ширум светот, но неговата животна приказна произлегла токму поради семејната трагедија која му се случила уште кога бил мало дете.

Кога имал само 8 години, Еди останал без својот татко, кој бил избоден до смрт со нож.

8-годишниот Еди својата болка и тага одлучил да ги сокрие со смеа, па научил да се засмева себе, но и целиот свет околу него, што веројатно била најважната работа во неговиот живот, бидејќи подоцна своето знаење го преточил во кариера.

„Секогаш бев кловнот во одделението“, изјавил Еди на еден од своите настапи.

Неговиот постар брат Чарли Марфи со загубата на таткото се сносел на поинаков начин.

Тој се што имал вложил во заштита и одгледување на помладиот брат. Грижејќи се за него, еден ден дознал за комичарски натпревар во кој главната награда изнесувала само 25 долари, на кој Еди отишол и победил. Така започнало се.

„Брат ми рече дека треба да се пријавам и да заработам 25 долари имитирајќи ги Стиви Вондер и Мухамед Али, што одлично ми одеше“, изјавил Еди во шоуто на Џими Кимел.

Чарли сфатил дека Еди бил роден да стане комичар и со само 15 години веќе имал закажани настапи во стендап клубови, а на филмското платно прв пат се појавил 6 години подоцна.

Во меѓувреме, Чарли водел сопствена битка и се обидувал да најде пар за самиот да се извлече од уличните банди и затворски келии во кои неколку пати се нашол за време на адолесценцијагта.

Со текот на времето тој станал склон кон насилството, и тоа баш во времето кога кариерата на Еди започнала да цвета. Тогаш на Еди му било потребно заштита повеќе од било кога, па дошол до идејата постариот брат да му стане телохранител, како би се оддалечил од проблемите во кои западнал.

„Неговата способност да излезе пред публиката, да се изрази и да насмее се пред себе, таа негова моќ ми беше неверојатна“, изјавил Чарли во една прилика и додал дека Еди го живее својот сон.

Еди сфатил дека Чарли бил тој кој морал да се откаже од своите соништа за тој да успее да ги направи своите, бидејќи без него, неговата поддршка и заштита кон Ед, тој никогаш не би станал ѕвезда.

Поради тоа, Еди одлучил да му се оддолжи на својот брат, помагајќи му да поработи на неговата кариера.

Кога дошло време да го режира својот прв филм „Harlem Nights“, Еди во филмот напишал улога која била посебно наменета за неговиот брат Чарли. На тој начин му пружил шанса да се оствари и да ја унапреди филмската кариера.

Во 2002 година успеал да го убеди својот брат да ги испроба своите таленти на стендап сцената на која и покрај зрелите години заблескал и стекнал бројни обожаватели.

После тоа започнале да му се отвараат врати за нови соработки, па комичарот Дејв Чапел го повикал да настапува во неговото шоу. За сето тоа време Еди бил скромен и дури се повлекол од центарот на вниманието за да биде поддршка на неговиот постар брат.

Чарли не успеал да стекне светска слава како што стекнал Еди, но тоа било помалку важно, бидејќи конечно го живеел својот сон.

Меѓутоа, во 2017 година Чарли починал како последица од тешката борба со леукемија, а Еди поради тоа се повлече од светот на глумата.

Ѕвездите од сите страни на светот ја дели тагата поради загубата, но никој не ја поднесе потешко од Еди. Тој беше свесен за неговата работа и наслетство кое го остави позади себе и беше среќен што Чарли сепак успеа да го оствари својот сон. Тој повеќе од се на светот сакал да засмева луѓе.

Во 2019 година Еди се врати на актерската работа за да му оддаде чест на Чарли каде знаеше дека постариот брат од некаде го гледа, бидејќи ниту еднаш во животот не пропуштил негов настап, а тоа враќање на сцената беше прекрасно изненадување за неговите фанови кои едвај го дочекаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот