Страшната Италија за финале против Србија на Европското првенство

Италијанците за првпат од 2015 година, се помеѓу четирите најдобри селекции на „Стариот континент“/Фото: EPA-EFE/LUKAS KABON

Во полуфиналето на Европското првенство одбојкарската репрезентација на Србија и актуелен европски шампион ќе се сретне со селекцијата на Италија, која денеска убедливо ја победи Германија со 3:0 во Острава (Чешка), по сетови 25:13, 25:18 и 25:19.

Полуфиналниот натпревар помеѓу Италија и Србија е закажан за 18 септември во полскиот Катовице, додека истиот ден Полска ќе се соочи со Чешка или Словенија. Финалето и борбата за третото место ќе се одржат на 19 септември исто така во Катовице.

Италијанците за првпат од 2015 година, се помеѓу четирите најдобри селекции на „Стариот континент“, а последен пат го подигнаа трофејот во 2005 година.

Играчите на Фердинандо Де Џорџи стигнаа до полуфиналето со само два загубени сета и затоа ги прави едни од фаворитите за европската титула годинава.

Најдобри денеска во победничките редови беа Алесандро Микелето и Даниеле Лавија со по 13 поени, а на спротивната страма Мориц Карличек се истакна со 11 поени.

ВИДЕО: Полјаците го елиминираа олимпискиот вицешампион Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот