Страшна тепачка во Филаделфија, дури 317 поени во Вашингтон! (ВИДЕО)

twitter.com/wccoradio

Вкупно 11 натпревари беа одиграни доцна синоќа, ретко видени сцени на терените во НБА лигата, мечот Филаделфија-Минесота го одбележа тепачката меѓу Џоел Ембид и Карл Ентони Таунс.

До немилиот инцидент дојде во третата четвртина при водство од 75:55 за Филаделфија, додека се одвиваше напад на спротивната страна, Ембид и Таунс почнаа физички да се пресметаат, во целата мешаница се вмеша Бен Симонс кој за врат го фати центарот на Минесота.

И двајцата заработија исклучувања, а веројатно ги чека и жестока казна од првите луѓе на НБА лигата.

Првата ѕвезда на Голден Стејт, Стеф Кари доживеа тешка повреда на раката на мечот против Феникс Санс.

Ова е голем удар за Вориорси, со оглед на тоа што претходно останаа без уште еден клучен играч, Клеј Томпсон кој се повреди во финишот од минатата сезона.

НБА, резултати –

Кливленд Кавалирс-Чикаго Булс 117:111
Орландо Меџик-Њујорк Никс 95:83
Филаделфија Сиксерс-Минесота Тимбервулвс 117:95
Бостон Селтикс-Милвоки Бакс 116:105
Бруклин Нетс-Индијана Пејсерс 108:118
Торонто Репторс-Детроит Пистонс 125:113
Оклахома Сити Тандер-Портланд Трејл Блејзерс
Вашингтон Визардс-Хјустон Рокетс 158:159
Сакраменто Кингс-Шарлот Хорнетс 111:118
Јута Џез-Лос Анџелес Клиперс 110:96
Голден Стејт Вориорс-Феникс Санс 110:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот