СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Со „Пежо“ се забил во куќа, двајца мртви (ФОТО)

Фото: читател на Курир.рс

Рано утринава во српското село Владимировац, околу 4.30 часот, дошло до тешка сообраќајна несреќа, кога автомобил со марка „Пежо“ излетал од патот и удрил во ѕид на околна куќа, јавува Курир.рс.

Според најновите информации, на лице место починала 36-годишна жена од Белград со иницијали С.С, а Перица Д. (48) починал на пат кон болницата.

Читателите на Курир.рс испратиле и фотографии од местото на страшната несреќа, на кои се гледа дека хаубата на автомобилот е целосно уништена по силниот удар.

Фото: Читател на Курир.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот