Страшна сообраќајка во Непал: 12 мртви, повеќе од 20 повредени

Фото: Илустрација

Поради карантинските мерки воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот во март, возилата во Непал мора да добијат дозвола за движење.

Преполно патничко комби возило удри во паркиран камион на автопат во јужен Непал, при што загинаа 12 лица, а 21 се повредени, соопштија властите.

Двајца од повредените се во критична состојба, додека состојбата на другите е стабилна.

Во тек е полициска истрага, а локалните медиуми известуваат дека комбето се движело со брзина поголема од дозволената на автопатот што минува низ џунглата, во близина на село на околу 400 километри југозападно од Катманду.

Поради карантинските мерки воведени како резултат на пандемијата на коронавирусот во март, возилата во Непал мора да добијат дозвола за движење.

Не е познато дали комбето кое удрило во камионот ја имало таа дозвола. Возачите во Непал често возат ноќе за да избегнат да бидат запрени од полицијата. Сообраќајните несреќи во Непал честопати се предизвикани од лошо одржување на патиштата и возилата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот