СТРАШНА СООБРАЌАЈКА настан на денот во Швајцарија: Што се случи со Ауди Р8? (ФОТО)

Во градот Галгенен во Швајцарија, рано изутрина, се случи една страшна сообраќајка. Имено, околу 4.30 часот, возач на Ауди Р8 со брзина од 169 километри на час ја изгубил контролата врз своето возило, удрил во обиколницата и заврши во ѕидот на една зграда.

За жал шоферот на Аудито го загубил својот живот, а жителите раскажуваат за ужасот кој го доживеале.

– Возилото се подигна од обиколницата и се удри директно во ѕидот на зградата, тоа беше филмска сцена, изјавил Мишеле Бродер за медиумите.

Од ударот избувна пожар, од кој беше оштетен најголемиот дел од зградата, додека од оганот беше зафатено и Аудито, кое што заврши во зградата. За среќа ниту еден од жителите не беше повреден, но сите требаше да се евакуират.

– Едно возило влезе во нашата кујна. Среќа е тоа што во тој момент никој не се наоѓаше во таа соба, изјавил друг станар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот