Страшна сообраќајка кај наплатна рампа во Загреб, автомобил без кочење се забил во друго возило (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Страшна сообраќајка кај наплатна рампа во Загреб, автомобил без кочење се забил во друго возило (ВИДЕО)

Несреќата се случила вчера, а денеска на интернетсе појавија снимки од страшниот судир.

Полицијата во Загреб денеска објави дека 35-годишен возач на БМВ со неприлагодена брзина се забил во Шкода, чиј возач (38) го забавувал возилото кај наплатна рампа поради тоа што пред него стоело друго возило со марка Ауди, пренесува 24 сата.хр.

Откако возачот на БМВ се забил во нив, Шкодата одлетала во бетонскиот ѕид, а потоа и во двете наплатни куќички пред да удри во задниот дел од Аудито, со кое управувал 32-годишен маж.

Несреќата се случила вчера, а денеска на интернетсе појавија снимки од страшниот судир. На видеото се гледа како возачот на БМВ долетува со голема брзина и удира во возилото пред себе.

Во несреќата имало тројца повредени, а како што пренесува споменатиот хрватски медиум двајцата родители и детето биле во кома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close