Страшна снимка од Тирана, жена удира моторџија со возило, а потоа излегува и го клоца (ВИДЕО)

ТВ Клан

Апсурдна несреќа се случило во Тирана. Жена со автомобил удира човек кој вози мотор и како сето тоа да не е доволно, таа излегува од автомобилот и го клоца повреденото момче.
Овие снимки беа емитувани синоќа во истражното шоу „Стоп“, во Телевизија Клан, од каде за денеска најавуваат нови детали околу настанот.

Водителот на емисијата Самир Кодра, информирајќи дека видеото им било испратено во редакцијата, објаснува дека жената шофер го следеше моторџијата најмалку 200 метри со цел да го удри. Откако го пристигна, таа го удри со автомобилот, но не и беше доволно тоа, жената која може и да се види во снимката, многу револтирана излегува од возило и го клоца повредениот.

-Моментот што ќе го видите е автомобил што следеше 200 метри еден мотор, удри во него затоа што го следеше токму за да го удри… го легна на земја како крава и возачот на автомобилот, која беше жена, му удираше клоци на возачот на моторот. Пристигна амбулантно возило, секако момчето не стана сам, го станаа и го однесоа во болницата каде се лекуваше 3-4 дена – објасни водителот на емисијата.

Кодра рече дека шоферот на автомобилот се шета слободо низ улиците на Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот