СТРАШНА ГЛЕТКА ВО ФЛОРИДА: Деца живееле во стан со 245 животни (ФОТО)

Полицијата во градот Еџвотер, во Флорида затекнала страшна глетка за време на посета на стан, откако добиле пријава за лошо постапување кон малолетници. Полицајците пронашле во станот три деца како живеат во истиот простор со 245 различни животни.

Градската полициска станица на официјалниот Фејсбук профил објави фотографии од станот во кој живееле децата, наведувајќи дека веднаш станало јасно дека ниту децата, ниту животните не биле соодветно згрижени.

Во станот било пронајдено и мртво морско прасе и расипана храна, а на подот имало измет и урина од животните.

Поради состојбата на станот, покренати се обвиненија против Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон за злоупотреба на деца, како и 66 точки за суровост кон животните.

Социјалната служба ги преместила децата на возраст од осум, девет и 10 години кај роднини, а за миленичињата ќе се грижи центар за спасување животни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот