Страшна фудбалска трагедија: Млад руски голман почина на терен

Лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден час, но безуспешно/Фото: Принтскрин/Твитер

Младиот руски голман Александр Шишмарев трагично почина по судир со фудбалер на противничкиот тим.

Шишмарев (23) почина во Калининград по натпреварот помеѓу Балтика и Краснаја звезда.

Младиот голман на Краснаја Звезда се судри со противничкиот напаѓач, а лекарите се бореа за неговиот живот повеќе од еден час, но за жал не успеаја да го спасат.

Јавноста беше информирана дека Шишмарев се задушил со јазикот, а не починал директно како последица од повредата на главата.

Фудбалската федерација на Русија и двата клуба се збогуваа со младиот спортист и изразија сочувство до семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот