Страшна авионска несреќа под Монт Еверест – Има и жртви (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени откако денеска мал авион при полетувањето од еден непалски аеродром во областа Монт Еверест удрил во паркиран хеликоптер.

https://youtu.be/RmewVjO8qis

Авионот на компанијата „Summit Air“ се обидел утринава да полета од Лукла за Катаманда, рекол претставникот Раж Кумар Четри и навел дека авионот се излизгал на пистата и удрил во хеликоптерот на „Manang air.

Двете компании се приватни, услужуваат туристи до оддалечените области на таа земја.

Повредените со хеликоптер се префрлени во Катаманда, рекол портпаролот на полицијата Раж Субеди и додал дека полициски тимови стигнале до местото на несреќата и дека ги координираат напорите да се спречи избивање на пожар на аеродромот.

Меѓу загинатите се пилотот на авионот и двајца полицајци кои биле во близина на паркираниот хеликоптер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот