Страшевски: Обвинетиот Трајковски не добил уредна покана од судот

Трајковски испратил и писмено известување до судот.

Денешното рочиште за случајот „ТНТ“ не се одржа бидејќи обвинетиот Тони Трајковски не добил уредна покана од судот, вели адвокатот на одбраната, Јовица Страшевски.

Обвинетиот Тони Трајковски во случајот „ТНТ“ не добил уредна покана за да се појави во судот,

-Јас како негов бранител запрашан од страна на судијата одговорив, а и пред медиумите дадов изјава дека Тони Трајковски нема уредна достава на покана за закажано ново рочиште, тоа не беше прифатено од страна на судијата и беше даден налог за стражарно приведување на Тони за утрешното судење 15.01.2020, се вели во дописот од Страшевски.

Посочува дека Трајковски денеска при редовно пријавување во судот побарал да му се достави покана за ново рочиште, но не му била доставена од страна на судот. Трајковски испратил и писмено известување до судот.

-Уште еден доказ дека одбраната не прави опструкции во предметот ТНТ како што тоа го прикажуваат од Кривичниот сид со штури соопштенија до јавноста, и доказ дека одбраната и обвинетите се за праведно ефикасно,ефективно и пред се законито судење без пропусти во постапката, вели Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот