Страшен верски култ се развива паралелно со коронаворусот во Јужна Кореја

Некои корисници на социјални медиуми тврдат дека е обичај верниците да седат на подот близу еден до друг за да го зголемат ризикот од ширење на вирусот, па затоа властите советуваат службите да се вршат преку Интернет или верниците да ги извршуваат своите ритуали дома.

Епидемијата на коронавирусот во Јужна Кореја доведе до формирање на мистериозен култ за Судниот ден. Бројот на заболени во земјата се зголеми на 104 лица, од кои едно почина. Се смета дека две лица заразиле голем број луѓе, од кои едното припаѓа на верски култ.

Утврдено е дека еден член на Шинчеонџи Црквата на Исус во градот Даегу, кој се нарекува „Пациент 31″ заразил голем број луѓе, најверојатно вкупно 43 лица. Не е познато како тој се заразил од вирусот.

Оваа црква е основана во 1984 година и брои 200.000 членови. Нејзиниот основач, Ли Ман-хе, тврди дека може да спаси илјадници луѓе од Судниот ден и со себе да ги поведе во рајот со нив.

– Многу следбеници веруваат во ова и сметаат дека целта на толку многу заболени е да ја стават на искушение својата вера, објаснува Парк Хјунг-так, директор на јужнокорејскиот институт за истражување на ерес.

Некои корисници на социјални медиуми тврдат дека е обичај верниците да седат на подот близу еден до друг за да го зголемат ризикот од ширење на вирусот, па затоа властите советуваат службите да се вршат преку Интернет или верниците да ги извршуваат своите ритуали дома.

Жителите на Даегу се во паника од ширењето на коронавирусот – трговските центри, рестораните и градските улици се претежно празни, а на социјалните мрежи оваа состојба се споредува со сцените од филмовите за крајот на светот. Градоначалникот на Даегу, Квон Јанг-џин, ги советува жителите да останат во своите домови и предупредува дека постои можност да има и други заразени лица.

– Специфична криза е во сила, рече тој, истакнувајќи дека од 90 до 100 луѓе кои биле на служба во таа црква покажале симптоми на вирусот.

– Планираме да ги тестираме сите верници во таа црква и да ги замолиме да останат во домовите,  изолирани од остатокот на семејството, заклучи Квон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот