СТРАШЕН ПОЖАР ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЛИБЕРИЈА: Загинале 27 деца

Најмалку 27 деца настрадале во пожар во исламско училиште во Либерија, соопшти денеска полицијата.
– Денеска додека изби пожарот, децата го учеа куранот – изјави портпаролот на полицијата Мозес Картер, пренесува Ројтерс.

Тј додаде дека причина за пожарот биле проблеми со електричната инсталација и дека истрагата е во тек.
Две деца, кои преживеале, биле пренесени во болница, истакнал Картер.

Пожарот избил синоќа во преградие во престалнината Монровија, напишал на својот Твитер профил претседателот на Либерија, Жорж Веа.

– Моите молитви се упатени кон семејствата на децата кои синоќа починаа во Пајнесвил сити – додаде Веа.

Тој додал дека ова е тешко време за семејствата на жртвите, но и за цела Либерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот