Страотно признание за повеќекратно убиство: Се пријавил во полиција и открил дека има труп во автомобилот

Во полициската станицата во Маунт Шаста од Роузвил, Северна Калифорнија, едно лице само се пријавило за повеќекратно убиство, човекот дури признал дека има тело во неговиот автомобил, пренесува новинската агенција News10.

Едно тело било пронајдено во автомобилот на осомничениот во планината Шаста, а уште три биле пронајдени во стан во Роузвил. Полицијата рече дека истрагата е во тек, а властите сè уште не го објавиле идентитетот на жртвите. Телото кое убиецот го донел со себе до станицата е машки труп, но  сè не е познато на кое место се случил злосторот.

Портпарол на полицијата во Роузвил изјави дека осомничениот, чие име сè уште не е објавено, е во притвор во округот Сискију.

Полицијата на Монт Шаста го запленила автомобил на убиецот, откако телото беше откриено во понеделникот. Автомобилот на осомничениот за убиство на Роузвил во понеделникот бил опкружен со лента за претпазливост пред полицискиот оддел Монт Шаста.

Идентитетот на жртвите сè уште не е објавен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот