СТРАОТНО: Исчезна албанската фудбалерка на Швајцарија- Слободен печат
ВестиПланета

СТРАОТНО: Исчезна албанската фудбалерка на Швајцарија

24-годишната девојка одлучила да помине еден ден на езерото со роднина. Во 16.30 часот пристигнал итен повик. Флоријана се фрлила во водата, но повеќе не била видена на површината.

Албанската фудбалерка на Швајцарската репрезентација, Флоријана Исмаили, од саботата се смета за исчезнат во Езерото Комо. Пребарувањето за неа се одвива со полн интензитет.

Во саботата, беше пријавено дека швајцарска туристка исчезнала на Езерото Комо. Како што известува Италијанската новинска агенција, станува збор за албанската фудбалерка Флоријана Исмаили, на Швајцарската репрезентација и фудбалерка на „YB“.

24-годишната девојка одлучила да помине еден ден на езерото со роднина. Во 16.30 часот пристигнал итен повик. Флоријана се фрлила во водата, но повеќе не била видена на површината.

Нуркачите веднаш беа мобилизирани, но операцијата за пребарувањето беше откажана навечер.

Според „20 minuten“, италијанската полиција го потврди името на албанската фудбалерка, пренесува „shtegu.com“. Пребарувањето продолжи во неделата наутро.

Флоријана стана дел од Швајцарската репрезентација за првпат во 2014 година. Таа играше 31 натпревар и учествуваше на Светското првенство во 2015 година.

Квалификациите за Светското првенство оваа година беа неуспешни за Швајцарија. Пред само две недели таа не настапи на последниот меѓународен натпревар.

Флоријана Исмаили играше за „Young Boys“ од Берн од 2011 година, јавува Коха.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close