Страотна сообраќајка кај Струмица, две лица пренесени на Клинички во Скопје 

Брза помош / Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди се на лекување во струмичката болница.

Ова го соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили марка „опел астра”, управувано од К.М (73) од Струмица и „пежо”, во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „пежото” се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „опел астра” е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на ТППЕ Струмица.

На местото на несреќата увид извршија полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Заради сообраќајката патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот