Страотна несреќа во Пакистан: Полн автобус падна во провалија, намалку 19 загинати (ВИДЕО)

ФОТО: Screenshot

Автобусот одел од градот Скарду, кој е „капија“ кон познатиот планински врз К-2 на Хималаите, втор по височина врв на светот после Монт Еверест.

Најмалку 19 лица загинаа, а повеќе се повредени, откако автобус паднал во провалија во северен Пакистан, јави АП.

Причината за несреќата не е јасна, а спасувачите и натаму се обидуваат да дојдат до патниците и да ги превезат во најблиската болница. Автобусот одел од градот Скарду, кој е „капија“ кон познатиот планински врз К-2 на Хималаите, втор по височина врв на светот после Монт Еверест.

Голем број локални и светски туристи секоја година го посетуваат врвот К-2.

Несреќите на пакистанските патишта се многу чести, поради лошата инфраструктура и непочитувањето на безбедносните стандарди.

Скарду се наоѓа на околу 240 километри северно од главниот град на Пакистан, Исламабад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот