Страотна несреќа во Хрватска: Загинаа две лица во амбулантно возило кое удирило во камион

Фото: EPA / PETER FOLEY

Во Рогожа кај Гарешница попладнево се случи страотна сообраќајна несреќа во која две лица загинаа, а три се тешко повредени. Полицијата изврши увид.

Денеска околу 13:05 часот, 52-годишен возач на амбулантно возило марка Ситроен со бјеловарски регистарски ознаки возело низ Рогожа во правец на Гарешница. Од засега неутврдени причини возилото поминало на спротивната лента при што удрило во камион марка Мерцедес со карловачки таблички, со кое од спротивната насока управувал 59-годишен возач.

На местото на сударот загинале двајца патници во амбулантното возило, додека возачот и уште двајца патници поради здобиените повреди се префрлени во Општата болница Бјеловар.

Увид е извршен од страна на заменичката на Жупанискиот државен обвинител во Бјеловар и по нејзин налог телата на починатите се префрлени на обдукција во болницата во Бјеловар.

Ова се осмата и деветта жртва во сообраќајни несреќи оваа година на подрачјето на Полициската управа бјеловарско билогорска, наведува полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот