Страотен судир на три автомобили на булеварот „Словенија“ – осуммина повредени, меѓу нив и две деца

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: МИА

Вчера во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Словенија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген”, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „Опел”, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „Мерцедес”, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „Фолксваген”, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „Опел”, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес”, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”, Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот